-->
-->
Кумановци се приклучија на маршот на иницијативата „За заедничка Македонија“
-->
Граѓаните на Куманово и вечерва се приклучија на маршот во организација на иницијативата „За заедничка Македонија“.
На седмиот протест, кумановци побараа да не се воведува двојазичност, да се зачува унитарноста на држава, да не се дозволи промена на Уставот.
Оваа вечер, кумановци се собраа од Соколанскиот парк и поминаа низ главните градски улици повикувајќи ги граѓаните да им се приклучат во напорите во зачувувањето на унитарноста на државата.Граѓаните пееја македонски патриотски песни и извикуваа Македонија.
Маршот заврши пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, каде што беше најавено дека и утре во Куманово ќе се одржи марш кој ќе започне во 18 часот кај спортската сала.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата