Куман задоволен од перформансите на Барселона на мечот против Виљареал, тренерот го пофали Фати
Тренерот на Барселона, Роналд Куман ги сподели своите впечатоци по мечот со Виљареал (4:0) во третото коло од Шпанското фудбалско првенство.
Тој го пофали Ансу Фати, кој направи „дабл“.
Неопходно е да се истакне играта на Фати. Јас сум многу среќен за него. Знаеме дека тој има само 17 години и има што да додаде. Понекогаш му недостасува концентрација. Тој не беше толку добар против Елче, но беше добар и денес. Одигра одличен натпревар. Среќен сум за него и за Педри. И двајцата ги чека светла иднина, истакна Куман.
Гризман може да ги менува позициите со Меси. Ова ќе ја комплицира играта на противниците. Задоволен сум од неговиот настап. Тимската игра како целина? Ние сме многу задоволни. Одигравме добро во првото полувреме. Во второто полувреме играта се забави, но ова е наш прв натпревар и впечатокот е добар, додаде холандскиот стручњак.
Покрај Фати, за Барселона Лионел Меси погоди од пенал, додека Пау Торес си постигна автогол.
Ново на Сител
-
ЦУК: Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса спроти Владата
-
Руските безбедносни сили упаднале во притворниот центар и ги убиле затворениците кои држеа двајца чувари како заложници
-
Сиљановска-Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Талибанците ќе испратат делегација на претстојниот состанок во Доха за Авганистан
-
66-годишен велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Илинден
-
Курбан Бајрам одбележуваат припадниците на муслиманската вероисповед
-
Во Владата истакнат премиерски портрет на Џафери
-
Објавени правилата на дебатата меѓу Бајден и Трамп, која ќе се одржи на 27 јуни