Куклена претстава предизвика скандал во Шпанија

Куклена претстава за деца со насилни сцени и глорифицирање на тероризмот предизвика скандал во Шпанија.
Претставата на трупата „Марионети до низините“ беше прикажана минатата недела како дел од карнелавот во Мадрид пред почетокот на велигденските пости. Во претставата имапе сцена на силување на калуѓерка и бесење на судија. На една од куклите пишувало „Да живее АлкаЕТА“ (кованица од имињата на вооружената терористичка баскиска група ЕТА и на терористичката организација Ал Каеда).
Поради претставата двајцата куклари се уапсени и не им е дозволено да бидат ослободени со кауција.
Поради претставата денеска Асоцијацијата на жртви од тероризмот поднесе жалба до градоначалничката на Мадрид, Мануела Кармена. Асоцијацијата ја обвинува театарската трупа и општината за глорифицирање на тероризмот, што е криминално дело во Шпанија од 1995 година.
Општината им се извини на родителите на децата кои ја гледаа претставата. Следниот ден по претставата беа сменети две лица одговорни за театарската програма за време на карневалот.
Ново на Сител
-

Откриена голема римска бања кај прилепскиот локалитет „Долиште“ - кој антички град се крие тука?
-

21 јуни - Денот на охридското езеро
-

Потребен национален систем за управување со земјоделската пластика
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
