Куќен притвор за 37-годишна дилерка на дрога од Куманово
Кумановското обвинителство поведе постапка против 37-годишна жителка на Куманово, осомничена дека го сторила кривичното дело „неовлстено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
При извршен претрес во домот на осомничената на 4 мај 2021 година, соопштија денеска од Јавно обвинителство на Република Македонија, овластените службени лица пронашле 11,53 грама хероин и едно пакување кокаин од 0,85 грама.
– Осомничената неовластено заради продажба ја набавила наркотичната дрога. Хероинот го препакувала до одделни шест мали најлонски пакувања и ги криела во спалната соба, стои во соопштението.
Јавниот обвинител кој постапува во предметот, до судијата на претходна постапка при Основниот суд Куманово поднел предлог за определување на мерка куќен притвор за осомничената поради постоење на опасност од бегство и повторување на кривичното дело. Предлогот на обвинителството бил прифатен и судот на осомничената и определил куќен притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Почина македонскиот репрезентативец и тренер Александар Јовиќ
-
Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
-
Разузнавачки агенции: Инаугурацијата на Трамп потенцијална цел на екстремистите
-
Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија Опен
-
Њу Делхи е најзагадениот град во светот, густата магла ги одложува летовите и поаѓањата на возовите
-
Неизвесно дали Илире Даути по интерпелацијата ќе биде разрешена или ќе даде оставка
-
Уапсен суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол
-
Македонските ракометари против фаворитот Унгарија ги почнуваат настапите на СП 2025