Македонија
28. May 2024 - 12:28

Кучињата скитници „рак рана“ за штипјани

Кучињата скитници и понатаму „рак рана“ за општината, а граѓаните живеат во несигурност. Ги има секаде, во централното градско подрачје, пред стамбените објекти, во училишните дворови и во приградските населби. Граѓаните постојано реагираат зашто стравуваат за својата и безбедноста на нивните деца.

- Најмногу кучиња во општина Штип има од несовесни граѓани, кои не ги чуваат кучињата како што треба или ги чуваат краток период, па ги пуштаат на улица да се снаоѓаат како знат и умеат. Тоа може да се види по тоа што повеќете се расни кучиња и не се било какви бездомни кучиња, изјави Тоше Георгиев

Неретко се случува да се носат кучиња од други општини и да се пуштаат низ штипските улици.

-Имаме заловено кучиња и од други општини. Не знаеме на кој начин се донесени зашто никогаш не се пријавени сторителите, односно, тие што ги носат во општина Штип, но кај чипираните кучиња веднаш се чита бројот на чипот и се знае од која општина е, додаде Георгиевски

Општината склучи договор за фирма од Куманово која треба да се грижи за заловување и хуман третман на кучињата скитници.

- Од почетокот на годината извршени се 8 заловувања на бездомни кучиња по пријава на граѓани и правни субјекти. Заловени се околу 50 кучиња, на кои е извршен вкупен третман, лабораториско испитување за лашманиоза, вакцинација против беснило и видливо одбележување на левото уво за да се препознаат оние кучиња кои се веќе заловени- изјави Георгивски

За сега не постои друг начин на решавање на овој проблем, зашто изградениот стационар не ги задоволувал условите за претстој на кучињата, а граѓаните ќе мора да се справуваат со агресивните глутници кучиња скитници како знаат и умеат.