Кучан за разговорите со врвот на ЈНА пред распаѓањето на Југославија
Поранешниот словенечки претседател Милан Кучан изјави вчера дека одговорните политичари во одредени моменти мора да преземат одговорност не само за себе туку и за народот што го претставуваат, и оти така се однесувал и како претседател на Сојузот на комунистите во годините пред распадот на Југославија, кога долго и упорно разговарал со водството на тогашна ЈНА, што многу во Словенија меѓу дисидентските кругови не го разбрале.
- Она што словенечкото партиско раководство го натерало да биде внимателно била изјавата на военото раководство дека тие ќе ја средат ситуацијата ако тоа не е во состојба да го стори партијата, вели тој, пренесе Фена.
- Вељко Кадијевиќ (тогашен министер за одбрана на СФРЈ) еднаш ми кажа дека тие не се занимаваат со пиони, туку со оние кои стојат зад нив, рече Кучан во разговор за Словенечката телевизија, по повод авторизираната биографија која неодамна ја објави историчарот Божо Репа.
Според Кучан, по смртта на Тито, ЈНА и нејзиното раководство се чувствувале загрозени бидејќи имале привилегирана положба во тогашното општество и политичкиот систем, а сметале дека демократските процеси кои се чувствувале ја загрозувале таа положба, а со тоа не го признавале колективното претседателство по Тито како свој врховен командант.
Кучан во разговорот се согласил со тврдењето на својот биограф дека неговата политичка тактика во тоа време била „два чекори напред, еден чекор назад“, за да спречи ЈНА со смена на словенечкото партиско раководство да ги запре политичките процеси во Словенија и оти морало тактички да се делува и во случајот на судењето на публицистите на „Младина“ пред воениот суд на тогашната ЈНА во Љубљана.
Ново на Сител
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит
-
Мицкоски: Ако ги изгубиме локалните веднаш ќе одиме на предвремени избори
-
ДСЗИ ќе проверува дали Детска го решила проблемот со дежурстрвата на специјализантите
-
Дијабет центар во Прилеп