-->
-->
Куба забрани „култ на личноста“ по смртта на Фидел Кастро
-->

На Куба ниту една улица, ниту плоштад, нема да го носи името на Фидел Кастро, и ниту еден споменик или статуа нема да биде подигнат во негова чест, што е согласно желбата на неодамна починатиот лидер на кубанската револуција, одлучи Парламентот во Хавана.
Кубанскиот претседател Раул Кастро (85) изјави дека неговиот брат Фидел, пред да почине на 25 ноември на 90-годишна возраст, побарал да не се прават споменици или статуи во негова чест, ниту пак улици и згради да се именуваат по него.
Кубанските пратеници вчера едногласно го усвоија предлог-законот, со кој на дело се спроведува желбата на Фидел Кастро. Засега не се прецизира какви казни им следуваат на оние кои ќе го прекршат овој закон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Левица ќе се обиде да ги собере опозициските партии за Изборниот законик
-

Уставен нема мнозинство да одлучува по иницијативата на Левица - предметот останува отворен
-

Бугарија бара да не се следи дали ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права
-

Следната недела маркетите на средба во Владата - ќе се бараат причините за зголемените профитни маржи
-

Европска трка по бакар и критични минерали: Каде е Македонија?
-

Даниела Димовска ќе раководи со Кривичен суд Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Уставен одлучува за платеното рекламирање по иницијатицата на Левица
