Свет
25. November 2015 - 12:33

Ксидакис: Инцидентот со соборувањето на рускиот авион да се реши преку дипломатија

Ставот на секој грчки граѓанин е да се најде начин да се реши ова прашање преку дипломатија, изјави грчкиот заменик-министер за европски прашања, Никос Ксидакис коментирајќи го соборувањето на рускиот авион од страна на Турција.

Во говор пред парламентарната Комисија за европски прашања, Ксидакис се осврна и на соопштенијата на НАТО, во кои се препорачува дипломатија и смиреност.

- Досега немало каква било  понатамошна ескалација, само вербална, рече грчкиот дипломат.