Крводарителска акција во винаријата „Тиквеш“ по повод Св. Трифун

Винаријата „Тиквеш“ по повод престојниот празник Св. Трифун организираше крводарителска акција во која доброволно се приклучија вработени од винаријата.
- „Тиквеш“ е колектив со голема хуманост и несебичност. Тие се вградени во нашата компаниска култура и од нив тргнуваме кога ги осмислуваме бројните општествено одговорни проекти и активности кои во континуитет ги спроведуваме. Истовремено, преку оваа крводарителна акција, вработените во „Тиквеш“ покажаа дека хуманоста е дел и од нивниот личен кодекс на вредности, што несомнено е одлика на луѓе што знаат да го препознаат значењето на дарувањето крв, што е од непроценливо значење за животот, изјави генералниот директор на „Тиквеш“, Игор Илиевски.
Крводарителската акција во ВВ „Тиквеш“ ја спроведе тим од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, а во нејзината реализација учествуваа и претставници на Црвениот крст.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

„Безбеден град“ дава резултат
-

Премиерот најави ново линеарно зголемување на пензиите
-

Сиљановска-Давкова очекува државата да направи исчекор кон природната дестинација, ЕУ
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
