Крводарителска акција во Пехчево
![]()
Под мотото „Вашата крв спасува живот“, денеска во Пехчево се спроведува редовна крводарителска акција за септември. Борис Панев од Центарот за трансфузиологија од Штип, очекува на денешната акција да бидат донирани 40 крвни единици.
-Акцијата ја спроведуваме во соработка со Здравствениот дом во Пехчево и можам да кажам дека сме задоволни од досегашниот одзив. Досега имаме 24 дарувања, а очекуваме во текот на денот, бројката да се искачи на 40 крвни единици, истакна Панев.
Очекувањата на Здравствен дом Пехчево се дека до крајот на годината, ќе биде остварен годишниот план за работа, со кој се предвидени 200 крвни единици на годишно ниво.
Од Центарот за трансфузиологија од Штип во наредниот период најавија уште две крводарителски акции. Првата ќе се одржи со хуманите граѓани на Берово и ќе биде редовна, додека кон крајот на септември, ќе се одржи и вонредна крводарителска акција во Делчево.
Ново на Сител
-

Собранието ги избра адвокатката Јошевска и професорката Кадри за членови на Судски совет
-

Истрошени се сите средства од Народен правобранител, должиме 70 илјади евра за кирија, вели Руфати
-

Апасиев засега единствен преставник на опозицијата на лидерската кај Мицкоски
-

Четири општини со ново раководство по повторените избори
-

СДСМ алармира за опасно задолжување
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 50 мандати повеќе од СДСМ
-

Камбовски: Оптимист сум за новиот Закон за Судски совет
