Крводарителска акција во Куманово

Во просториите на СВР Куманово денеска се оддржа редовна крводарителска акција на која припадниците на СВР уште еднаш ја докажаа својата хуманост.
Акцијата се организира во соработка на МВР, Институтот за трансфузиона медицина и Црвен Крст. Горан Маневски самостоен инпектор од остек за превенција од СВР Куманово информираше дека досега собрани се 65 крвни единици и дека до 15 часот, според проценките се очекува крв да даруваат 80-тина крводарители.
СВР Куманово,традиционално организира три крводарителски акции во тековната година, во февруари, јуни и октовмри. Крводарителските акции се реализираат согласно потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу МВР и Институтот за трансфузиона медицина Скопје.
Наредната крводарителска акција, најавија од Црвен Крст Куманово е закажана за наредната недела, на која крв ќе даруваат средношколците од паралелките на албански наставен јазик од „Наце Буѓони“ и од гимназијата „Сами Фрашери“.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
