-->
-->
Крводарителска акција во Крива Паланка
-->
На денешната крводарителска акција во Крува Паланка собрани се вкупно 38 единици крв. Акцијата е традиционална и се одржа во просториите на Општинската организација на СДСМ од Крива Паланка.
Акцијата се реализираше во координација со општинската организација на Црвениот крст, Крива Паланка, во соработка со Институт за трансфузиона медицина, Скопје.
Заклучно со денешната, дванаесетта по ред акција годинава, на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце, досега се собрани вкупно 534 крвни единици.
Претходната акција се одржа во општина Ранковце. Според Годишниот план за крводарувања на ОО Црвен крст, Крива Паланка, според кој се проектирани 711 крвни единици, следната акција е закажана за 10 јули.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мотоциклист загина при судар со автобус на патот Охрид-Ресен
-
Меџити: Гаши и Мицкоски со различна агенда се во Вашингтон
-
Богатото македонско културно наследство честа мета на крадците
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски