Крводарителска акција во кавадаречката полиција
На денешната доброволна крводарителска акција, полицајците од Кавадарци даруваа 26 крвни единици крв. Акцијата беше реализирана од страна на Општинската организација на Црвениот крст, заедно со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и МВР.
Крв даруваа полицајци од Полициската станица од општа надлежност и граничната полиција Регионален центар југ.
- Голема благодарност до сите дарители, кои треба да знаат дека ќе спасат нечиј живот. Ги повикуваме сите граѓани на возраст од 18 до 65 години да се вклучат во крводарувањето и во големото семејство на крводарители, изјави Анита Божинова Петковска од Институтот за трансфузиона медицина.
Розе Илова, секретар во Црвен крст Кавадарци, нагласи дека кавадарчани се на врвот на листата по бројот на крводарувања во државата.
Ново на Сител
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз
-
Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Малезија