Крводарителска акција во Дебар, собрани 26 крвни единици
Општинската организаиција на Црвен крст на Дебар, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, денеска ја спроведе шестата крводарителска акција во оваа година.
- И денешната акција може слободно да ја вброиме во низата успешни крводарителски акции. Тоа поради фактот што дебрчани и при денешниот прстој на екипата на Инситутот потврдија дека ги карактеризира голема хуманост. За да ја даруваат нивната драгоцена течност што живот значи, се пријавија четириесеттина лица, а крв даруваа 26, од нив десеттина се млади лица кои за првпат даруваат крв. Тоа е факт кој посебно радува, зашто младите стануват се посвесни за значењето на течноста што живот значи, вели Исни Телќиу, секретар на дебарскиот Црвен крст.
Според него, ова е шеста по ред, од планираните 12 редовни и една вонредна крводарителна акција за годинава.
Годишниот план кој е проектиран на 744 крвни единици, веќе години на ред не само што целосно се исполнува, туку се прибираат и до 60 крвни едници повеќе од планираните.
Имајќи во предвид дека годишниот план до сега е реализиран за над 50 отсто, оправдано, оценува Телќиу, очекуваме плодна година на овој план.
Ново на Сител
-
Пронајден череп и коски слични на човечки во штипско
-
Пробиштип: Товарно возило удрило во 68-годишна жена
-
Таксист измамил Швајцарец во Скопје за 7.800 денари
-
Двајца косовски државјани тешко повредени во сообраќајка
-
Зеленски: Следната недела нова размена на затвореници со Русија
-
Израелскиот воздушен простор останува затворен за цивилниот сообраќај
-
Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран
-
Николоски и Трајановски извршиле вонреден надзор над активностите за изградба на автопатот Кичево-Охрид