Крводарителска акција во Битола
Кога станува збор за крводарителството, битолчани секогаш ја покажуваат својата хуманост, потенцираат од битолскиот Црвен крст. Велат дека се многу задоволни од зголемувањето на бројот на крводарители во Битола.
-Во 2021 година имавме 3340, а во 2020 година имавме 2850 крводарувања. Ние сме многу среќни затоа што во 2021 година бројот на крводарувања се зголеми покажавме дека граѓаните на Битола се тие кои својата рака ја давааат за дарување крв и спасување нечиј живот, изјави д-р Лилјана ристевска, претседател на Црвен крст Битола.
Таа потенцира дека ниту ковид пандемијата не го намали бројот на крводарувања.
- Во однос на она што значи крводарителство немавме застој, немавме недостаток од дарители, не се јави потреба да имаме масовен повик и да повикуваме крводарители, крводарителските акции беа навремено организирани и имаше доволен број крводарители, вели Ристевска.
На крводарителската акција во Битола која се одржа по повод денот на крводарителите беа собрани 130 крвни единици.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
