Крводарителска акција во Амбасадата на САД во Македонија
Амбасадата на САД во Македонија во соработка со Црвениот крст на град Скопје и Институтот за трансфузиологија ќе го одбележи Националниот ден на служба и сеќавање преку организирање на крводарителна акција и акција за собирање на прехрамбени продукти и други средства.
Целта на овој настан, како што информираат од Амбасадата, е да се обединат луѓето со една заедничка цел – да и служат на заедницата.
- Нашите напори ќе помогнат за дополнување на резервите на крв на Црвениот крст и за обезбедување на храна и други потребни залихи за загрозените семејства за претстојната зима. Оваа акција, исто така, ќе му помогне на Црвениот крст да ја прошири мрежата на дарители во Македонија за во секое време да има доволно резерви на крв за идните побарувања, се вели во соопштението на Амбасадата.
Пред присутните за време на дарувањето на крв ќе се обрати Амбасадорот Џес Бејли, а заинтересираните лица кои сакаат да даруваат, ќе можат да го сторат тоа во Амбасадата на САД од 9 до 16 часот.
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР