Крводарителска акција на ФЗОМ

Крводарителска акција насловена „Фондовско срце“ oрганизира денеска Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ). Акцијата за дарување крв се реализира во централата на ФЗОМ, а во неа се вклучија вработените и директорите на Фондот.
Директорот на ФЗОМ, Сашо Стефаноски изјави дека продолжува акцијата за дарување крв во сите подрачни служби на Фондот. Посочи дека околу 120 вработени се пријавени да даруваат крв во текот на денешниот ден во централата на Фондот и низ Република Македонија.
- Ова е трета акција по ред што ја организира Фондот и на владино ниво ние сме институција што ги координира крводарителските акции на сите други државни институции. Суштината на нашата институција е да помагаме на сите оние кои имаат проблем, па денеска со овој личен чин сакаме тоа да го потврдиме и на дело, со дарување крв нашите вработени да спасат живот, рече Стефаноски.
Во врска со тоа дали има доволно крвни единици на Институтот за трансфузиологија, рече дека од она што го имаат како информација во комуникација во менаџментот, ситуацијата е стабилна, под контрола и има доволни количини крв.
- Регуларно и редовно се одвиваат и крводарителска акции во координација со Институтот за трансфуциона медицина. Снабденоста со крв е на соодветно ниво, додаде Стефаноски.
Ново на Сител
-

Променливо облачно со сончеви периоди, во Скопје можни краткотрајни врнежи од дожд
-

МВР го бара лицето кое го чувало заловениот волк во Козле, му следува казна до 20.000 евра
-

Уапсен возачот што удри 13-годишен велосипедист во Скопје
-

Нови 11,3 милиони денари поддршка за занаетчиите, малите и средните претпријатија
-

Владата донесе одлука за отворање македонска Амбасада во Литванија
-

СВР Битола апелира граѓаните да внимаваат на пријави за лажни сообраќајни несреќи
-

Во следните три дена прекин во снабдувањето со вода за сите корисници од водоводот Росоки-Дебар
-

Новата сезона во Хераклеа почна со туристи од Шпанија, Франција, Германија и Белгија
