-->
-->
Крвава тепачка во Скопје
-->

Во 11 часот и 30 минути во Полициската станица Гази Баба, 18-годишниот Д.С.В. од Скопје пријавил дека на 22 околу пет минути по полноќ, во „Метрополис Арената“, додека бил на концерт заедно со неговите пријатели К.Г., Л.С., Д.Г. и уште еден другар и другарка, бил нападнат од страна на 3-4 непознати лица на возраст од околу 20-22 години. Тој претходно флертувал со една девојка од нивното друштво, а едно од лицата на босански јазик го предупредило да не ја гледа бидејќи му била сестра. По кратко време непознатото лице го фатило за рамото го повлекло и го удрило со тупаница во пределот на десното око. Потоа му се приближиле и другите лица и почнале да го удираат во пределот на телото со стаклени шишиња и со тупаници, по што паднал на подот во бесознание, а додека го удирале забележал како неговиот другар Д.Г. лежи на земјата, а истите лица го удираат со клоци. Потоа, напаѓачите се оддалечиле, а повредените се упатиле во болницата „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
Од настанот разбрал дека лицата кои го нападнале се А.С и А.С. од селото Батинци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Американската резолуција за Украина изгласана откако доби европски „шмек"
-
Тема на денот со Даниел Браун, директор на фондацијата Конрад Аденауер во Скопје
-
Кратово достојно го одбележа празникот за заштитникот на градот - Св. Ѓорѓи Кратовски
-
Демохристијанската ЦДУ победи на изборите во Германија
-
Мицкоски очекува исклучително добри билатерални односи со новата власт во Германија
-
Три години од војната во Украина, можен ли е конечен мир?
-
Македонија коспонзор на предлог-резолуцијата на САД за Украина
-
Маркетите со задолжение да ги објавуваат сите цени секој ден