Крвава свадба: Загинаа 131 лице
Јеменските власти денеска соопштија дека во вчерашните два воздушни напади на меѓународната арапска коалиција, предводена од Саудиска Арабија, врз учесниците на една свадба во јужен Јемен, загинале вкупно 131 лице.
Според истите извори, најмалку 80 од жртвите се жени.
Во вчерашните извештаи за нападот се говореше за најмалку 76 загинаа и 55 ранети.
Портпаролот на јеменското Министерство за здравство, Тамим ал-Шами вчера соопшти дека станува збор за напад по „грешка“ врз учесници на свадба во селото Ал-Вахга крај градот Моча, во близина на протокот Баб ел Мандеб, кој ги раздвојува Арапскиот Полуосторв и Африка.
Општинскиот советник во Моча, шеик Абдулах ал Фадли во изјава за ДПА нагласи дека авионите ракетирале два шатори на свадбата - едниот во кој престојувале машките сватови и другиот каде биле сместени жените и децата.
Ал-Фадли нагласи дека изненадува ваквиот напад бидејќи во селото нема никакви воени позиции, а на свадбата не присуствувале ниту припадници на шиитското бунтовничко движење.
Нападот денеска го осуди генералниот секретар на ОН, апелирајќи до учесниците во конфликтот во Јемен „веднаш да ги прекинат сите воени активности“.
Меѓунардоната арапска коалиција на 25 мај започна напади врз цели во Јемен, со цел да им помогне на силите што го поддржуваат јеменскиот претседател во егзил Абд Раби Мансур Хади во борбите против шиитските бунтовници Хути и армиските единици лојални на поранешниот шеф на државата Али Абдул Салех.
Саудиска Арабија стравува дека преземањето на власта во Јемен од страна на Хутите, би ја засилило позицијата на Арапскиот Полуостров на нејзиниот главен регионален ривал - Иран.
Според проценките на ОН, во судирите во Јемен досега загинале најмалку 2.100 лица.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ потпишаа Договор за безбедносно и одбранбено партнерство
-
Три пријави во полиција за измами за пари
-
Велика Британија воведе санкции за руски официјални лица поради обвиненија за нелегална депортација на украински деца
-
Пешак загина во Штип откако во него удрило патничко возило
-
23-годишник со два ножа се шетал во Гази Баба
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година
-
АТП ги објави тенисерите со најголема заработка во 2024 година
-
Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико