Македонија
3. May 2017 - 12:51

Крвава семејна драма во Липково: Двајца тинејџери ги избоделе своите братучеди, се борат за живот

Вчера околу 20.00 часот во с.Ропаљце, општина Липково, при семејна расправија, Л.О.(19) и неговиот 17-годишен брат им нанеле убодни рани на нивните братучеди, нa браќата Х.О.(31) и Х.О.(29).

Истите се  неконтактибилни и по укажаната медицинска помош во Општата болница Куманово биле префрлени во Клинички центар Скопје. 

Двајцата напаѓачи биле обезбедени. 

СВР Куманово презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот.