Македонија
21. May 2017 - 12:54

Крвава сабота во Македонија: Три загубени животи на трагичен начин

Вчера околу 12.00 часот во с.Корошишта, струшко, на м.в. „Лак“, Р.К. (56) од с.Џепин, струшко, додека собирал дрва бил пристинат од едно дрво по што починал на местото. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Медицински центар Струга.
 
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ПС Струга, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.
 
Вчера околу 15.30 часот во Ургентен центар Скопје било донесено повредено лицето А.Г. (25). Истиот се повредил на работното место. Додека местел салонитни табли една од таблите се скршила и истиот паднал директно на глава. Од страна на доктор на КАРИЛ му биле константирани тешки телесни повреди опасни по живот. На повредениот му била укажана помош, но и покрај тоа истиот починал околу 21.00 часот. Се преземаат мерки за целосно рачистување на случајот.
 
Вчера околу 16.30 часот во кругот на еден хотелот покрај Беровско Езеро, А.К.(82) од Скопје бил ронајден паднат на земја покрај импровизирана клупа од страна на А.Л. од Берово. Лекар од Итна медицинска помош Берово констатирал природна смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС Берово. По Наредба на Јавен обвинител телото ќе биде пренесено во ПВЈТ „Вечен Дом“.