Крвава пресметка во скопска фирма: Вработен избоден со ножици, се бори за живот
Вчера колу 13.00 часот во Скопје, во просториите на една приватна фирма дошло лицето Ф.Ш. (35) од с.Љубин, скопско, претставник на друга приватна фирма по што настанала расправија помеѓу него и вработениот Д.А. (54) од Скопје.
Причина за расправијата биле нерасчистени должнички односи помеѓу двете горенаведени фирми.
Во еден момент Ф.Ш. земал ножици и го нападнал Д.А., нанесувајќи му неколку убодни рани во пределот на грбот и вратот.
Од страна на друг вработен Ф.Ш. бил спречен да продолжи со нападот, бил совладан и задржан до доаѓање на полициски службеници.
После тоа бил приведен во ПС Центар. Со возило на Итна медицинска помош Д.А. бил пренесен во Ургентен центар Скопје, каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди, по што е задржан на понатамошно лекување.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Ново на Сител
-
Сиљановска од Баку: Обединетите нации се маргинализирани тогаш кога се најпотребни
-
Македонија 5 години во НАТО
-
ЦГК: За две години државата потрошила 8,5 милиони евра за нови автомобили
-
Пациенти алергични на полен ги полнат амбулантите
-
Полицијата го зголеми надзорот
-
Преглед на вестите од светот
-
Осомничените кои набавувале сомнителен мазут можно е да одговараат и за екоцид
-
Тема на денот со Фани Каранфилова Пановска