Македонија
20. January 2017 - 13:50

Крвава ноќ за полициски службеник во Охрид

Ноќеска во 02:30 часот во  Полициската станица во Охрид, при приведување по претходно нарушен Јавен ред и мир, лицето А.Т.(26) од  село Волино–Дебарца, физички нападнал полициски службеник, удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото.

Истиот бил приведен и задржан во полициската станица за понатамошна постапка.

Се работи на целосно расчистување на случајот.