Балкан
28. May 2016 - 11:27

Крвава матурска вечер: Тргнале со трубачи - завршиле во болница

Двајца матуранти од Медицинското училиште во Чачак се тешко повредени откако вчера вечерта паднале од автомобил во движење. Се работи за две млади момчиња чиј идентитет се уште не е откриен кои од славењето матура завршиле тешко повредени во болница.

Тие заедно со група матуранти се упатиле со автомобилите и со трубачи кон центарот на градот за да прослават, а тогаш од големата брзина со која се движел автомобилот и од невнимателност, испаднале од него и се здобиле со сериозни повреди. За среќа, сега состојбата им е стабилна.

Двете млади момчиња паднале на асфалт.