Крвав викенд во Скопје: Еден загинат и 36 повредени во сообраќајки
Во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле 33 сообраќајни незгоди, во кои се повредени 36 лица, а едно лице го загубил животот.
На 19. август - петок сообраќајната полиција извршила увид на 8 сообраќајни незгоди, од кои 5 се со последица материјална штета, 2 се со последици телесни повреди, а со полесни повреди се здобиле три лица.
Се случила и една незгода во која со тешки телесни повреди се здобило едно лице.
На 20. август - сабота, како што соопшти СВР - Скопје, извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив 4 се со последица материјална штета, 6 се со последици телесни повреди, а со полесни повреди се здобиле 13 лица. Се случила и една незгода во која еден пешак им подлегнал на повредите. Од СВР - Скопје појаснуваат дека сообраќајката се случила во 23 часот на ул. Ѓорче Петров во непосредна близина на крстосницата со ул. Кузман Шапкарев, во која учествувале патничко моторно возило „Цитроен Ц 4’ со гостиварски регистерски таблици управувано од граѓанин на Гостивар, а пешакот бил граѓанин на Скопје.
На 21. август-недела извршен е увид на вкупно 14 сообраќајни незгоди, од кои 5 се со последици материјална штета, 8 се со последица телесни повреди, а со полесни повреди се здобиле 13 лице. Во една сообраќајка која се случила вчера со тешки телесни повреди се се здобиле две лица, а четири лица се здобиле со тешки повреди.
Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција, откриени се поголем број на прекршоци. Санкционирани се 4 возачи кои со возилата се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај. Тројца возачи поминале на црвено светло на семафорите, пет биле без возачка дозвола, затекнати се 9 нерегистрирани возила, а 12 возачи за време на управување на моторните возила, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон. Затекнати се и 6 возачи кои за време на управување на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл не го носеле заштитниот шлем
Ново на Сител
-
Израел одреди 95 палестински затвореници кои ќе бидат разменети за 3 жени заложници
-
Врховниот суд во САД потврди закон за забрана за ТикТок
-
Во Куманово ограбена бурекчилница
-
Политико: ТикТок ќе обезбеди 50.000 долари за инаугурациската забава за Трамп
-
Автобус на ЈСП прегази 60-годишен маж кај Транспортен
-
Повторно функционира амбуланта на Попова Шапка
-
Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Јапонија, Сецуко Кавахара
-
Белгиска служба за државна безбедност: Се повеќе млади луѓе во Белгија се вклучени во тероризам