Крв на патот и детски чевли: Со автомобил изгази деца пред училиште во Кина, 5 мртви и 18 повредени

Најмалку пет лица загинаа, а 18 се повредени кога автомобил се залетал во група луѓе, меѓу ки имало у ученици, пред основно училиште во градот Хулудао, на североистиокот од Кина.
Возачот наводно е уапсен.
Видеото се појави на социјалните мрежи и на него наводно се гледа моментот кога возилото удрило во учениците.
На снимките од безбедносните камери се гледа како децата преминуваат улица пред училиштето, а потоа се приближува автомобил кој поминал во другата лента и свртел кон групата ученици.
Засега не е јасно дали во прашање е намерен напад, а АП напоменува дека во Кина неодамна се одиграле слилни инциденти.
„Може да има повеќе од 10 повредени“ рече очевидец за локалните медиуми, велејќи дека видел крв на земјата и детски чевли.
Полицијата ја истражува причината за инцидентот.
Ново на Сител
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
