Круемади: Неопходно е да се обединат Албанците за обнова на Албанија, уништена од Еди Рама
Една година откако Демократската партија (ПД) и Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ) се откажаа од пратеничките мандати, во знак на протест против владата на премиерот Еди Рама, не е постигнат никаков политички договор за партиите да седнат на маса.
Но, за лидерката на ЛСИ, Моника Круемади, оваа состојба создадена во земјата не се решена само со договор, туку е неопходно да се обединат Албанците за обнова на Албанија уништена од Еди Рама.
-На Албанија и треба национален пакт што не е политичи договор, туку реализација на клучните реформи. Ние како опозиција сме подготвени да одиме напред кога станува збор за сите предлози за изборна реформа. Но, постои човек кој не сака, господинот Рама не сака реформи затоа што со заокружување на ова прашање ќе дојде вториот чекор а тоа се избори, порача Круемади од Елбасан.
Криемади ги спомна, како што рече, скандалите на владата со четворицата градоначалници осомничени од опозицијата дека се поврзани со криминал, од кои последен е градоначалникот на Малакстра.
-Без и трошка срам вчера имавме градоначалник кој вели дека немал сознанија дека бил осуден на три години во Грција, рече Круемади, а се однесува на градоначалникот на Малакстра.
-И денес, граѓаните кои останаа без покрив над главата продолжуваат да бидат сместени, не само во шатори, туку и оние што се сместени во хотели, денес беа принудени да ги напуштат хотелите и да се снајдуваат со смешниот бонус што владата го дава за наемнина за стан, обвини таа.
Круемади, која е сопруга на шефот на албанската држава Илир Мета, балканскиот мини Шенген и соработката на Еди Рама со српскиот претседател Александар Вучиќ го смета за предавство на албанската нација, додавајќи дека „Рама им удира нож во грб на Албанија и на Косово“.
Таа од Елбасан вети дека опозицијата е подготвена да ја преземе целата одговорност за спроведување на реформите и процесот на интеграција во Албанија.
Ново на Сител
-
Стерјовски од Корча: Овде сме да го одбраниме нашиот идентитет и да изградиме поцврста основа за иднината на Македонците во Албанија
-
Општина Центар: Во тек е голема акција, се чисти на шест локации
-
УЈП: Пад на прометот за 22,12% во четвртокот и петокот кај осумте поголеми ланци на маркети во земјава
-
Нова серија земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос
-
570 возачи казнети во Скопје: 150 за брзо возење, 22 без возачка, 4 возеле со забрана
-
Ѓорѓиевски: Ако станам кандидат за градоначалник на Скопје, очекувам победа во првиот круг
-
Балтичките земји се исклучуваат од руската електро-мрежа
-
Хамас ослободи уште тројца заложници, се очекува пуштање на 183 Палестинци од израелски затвори