Крстот за Водици во Кочани во рацете на Марјан Заов

Марјан Заов денеска го фати светиот крст во осветените води на Кочанска Река, кај Крушарскиот мост на традиционалната црковно-верска манифестација по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици.
Тој беше најсреќен и прв успеа да го извади крстот од Кочанска Река. Во овј црковно-верски обичај годинава учествуваа 47 пријавени момчиња.
Триесет и двегодишниот Марјан рече дека ова за него е голем успех.
- Нека дава Господ здравје, среќа и благосостојба на сите. Голем спомен за мене, здравје и мир на сите, порача Заов од Кочани.
Храмот „Св. Великомаченик Георгиј“ го даруваше Марјан со Библија. Градоначалникот Владко Грозданов во името на граѓаните на Кочани, традиционално му подари златник, а компанијата „Зегин“ вредносен ваучер.
Чинот на осветување на водите на Кочанска река и потопување на Светиот крст го изврши Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужителство на свештеници од храмот „ Св. Вмч Георгиј“ – Кочани.
Претходно, во кочанскиот црковен храм се одржа Света Божествена литургија, по што имаше лицитација на икони од страна на верниците. Собраните средства се наменети за довршување на храмот „Св. Преображение“ кај Атомските згради во Кочани.
МИА
Ново на Сител
-

Отворен базен во близина на „Партизан Карпош“
-

Прв џез фестивал во Струмица
-

Седум и пол години затвор за жената која ги уби сопругот и свекорот во Кратово
-

Охрид ја прослави европската титула на ГРК Охрид
-

Муртезани за Сител: Со Кошта ќе се разговара за планот за раст и Реформската агенда
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
