Крозето: Владата на Нетанјаху ги изгуби разумот и човечноста

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето денеска изјави дека последните потези на Израел во Појасот Газа се неприфатливи и дека владата на земјата „ги изгуби разумот и човечноста“.
- Не сме соочени со воена операција со колатерална штета, туку со јасно одбивање да ги почитуваме правата и основните вредности на цивилизацијата. Ние сме посветени на испораката на хуманитарна помош, но сега мора да најдеме начин да го натераме израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху јасно да размислува, а не само да осудува, рече Крозето во интервју за италијанската „Стампа“.
На прашањето за меѓународните санкции против Израел, Крозето рече дека е потребно Нетанјаху да се натера да се предомисли.
- Секогаш мора да ги одделуваме владите од државите и народите, како и од религијата. Ова важи и за Нетанјаху, како и за рускиот претседател Владимир Путин, чии методи досега станаа опасно слични, рече Крозето.
МИА
Ново на Сител
-

Австрија е против брзо пристапување на Украина во ЕУ
-

При претрес на возило пронајдена дрога, приведени три лица
-

Николоски: На автопатот Кичево-Охрид во следните месеци ќе се пуштат најкомплицираните 10 километри за сообраќај
-

На ГП „Богородица“ за излез од државава се чека два часа, 30 минути за влез на „Табановце“
-

ИОК нема да ги истражува постапките на Инфантино на СП 2026
-

Најмногу дожд во Претор
-

Претрес во скопско Арачиново - пронајдени над два килограми марихуана, приведено едно лице | ФОТО
-

Приведен струмичанец, превезувал мигранти со возило без возачка дозвола
