Кросето: Нема надеж дека Украина ќе ги врати Крим и изгубените територии

Министерот за одбрана на Италија, Гвидо Кросето денеска изјави дека нема надеж дека Украина би можела да го поврати Крим и териториите што ги изгуби од почетокот на руската инвазија во 2022 година.
-Враќањето на териториите изгубени во 2014 година и по февруари 2022 година сега сите го сметаат за невозможно. Русија никогаш нема да се откаже од нив, а Украина нема да има сила сама да ги врати, дури ни со наша помош. Путин не може да се врати и затоа што го промени Уставот, со што окупираните територии ги направи „руски“ на секој начин и затоа се стави во позиција каде што не може да преговара, наведе Кросето.
Тој посочи и дека жали поради тоа што голем број Италијанци биле под влијание на руската пропаганда и дезинформации.
-Ние не го забележуваме тоа како обични граѓани, но руската пропаганда влегла во мозоците и културното формирање на толку многу луѓе, насочувајќи ги преку софистицирана употреба на социјални и други информативни алатки, со научна инфилтрација и, исто така, со класична инфилтрација на корупција, посочи Кросето.
МИА
Ново на Сител
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, сите правци проодни
-

Мицкоски: Наш приоритет не се изборите, туку реформите и проектите
-

Николоски: На ниво на држава сите патни правци се проодни и никаде нема застој
-

Лидерот на опозицијата во Гренланд повика на директни преговори со САД за статусот, без Данска
-

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари
-

ЦУК: Проблеми со поплави во Охрид, Кичево, Битола, Гостивар и Тетово
-

Во Ресен препорачно да не се пие водата заради нарушен квалитет
-

Од утре дожд, снег и ветер
