Loading Video...
Македонија
14. April 2024 - 16:34

Кризен штаб во МНР за извлекување на Македонците од Израел - Османи бара седница на Советот за безбедност

Кризен штаб ќе ги извлекува македонските граѓани кои се затекнати во Израел и околните земји, по нападот на Иран врз израелски цели...Според македонското МНР, во моментов во Израел се наоѓаат од 40-50 македонски државјани, вклучително и тројца дипломати во амбасадата и нивните семејства кои остануваат таму. И покрај апелот на министерството пред два дена за повлекување на македонците , досега само една група на студенти во Јордан побарала да биде вратена дома. Засега аеродромот во Тел Авив кој е повторно е ставен во функција и може да се користи за заминување, но до кога ќе биде таква состојбата е неизвесно, па единствената рута за движење се копнените линии. Македонското МНР  го осуди овој напад и евентуалните следни одмазднички напади кои се најавуваат.

Османи го повика претседателот Пендаровски веднаш да го свика Советот за безбедност поради опасност од бегалски бран и активирање на балканската рута. Но од вила Водно за Сител велат дека претседателот е во комуникација со партнери во НАТО и засега нема опасносно по безбедноста на македонските граници.

Состојбата се следи внимателно, а во моментов се проценува дека нема безбедносна закана за Македонија. Доколку се донесе одлука за свикување на седница на Советот за безбедност, јавноста ќе биде навремено информирана, велат од кабинетот на Пендаровски.

Амбасадите во Јордан, Египет, Саудиска Арабија се на располагање за оние кои сакаат да го напуштат Блискиот Исток. МНР ги повика сите државјани да бидат во комуникација со нашата Амбасада во Тел Авив на дежурниот телефон 972 549 267 378 како и СОС дежурните телефони на МНР  075 273 732 и 075 268 376 со цел подготовки за евентуална евакуација. Динамиката на извлекување ќе зависи од состојбата.