ОН: Кризата со Рохините во Мјанмар е пример за етничко чистење

Високиот комесар на ОН за човекови права, Зеид Раад ал Хусеин ја оквалификува операцијата на безбедносните сили на Мјанмар, против муслиманите Рохини, како „школски пример за етничко чистење“.
Ал Хусеин ги повика властите во Јангун да ја запрат, како што вели, суровата воена операција во мјанмарската северна провинција Рахине.
Повеќе од 300 илјади муслимани од оваа етничка заедница побегнаа во соседен Бангладеш, откако пред крајот на минатиот месец ескалира насилството.
Војската на Мјанмар, меѓутоа, ги отфрла ваквите обвинувања и тврди дека таа само реагирала на нападите од милитантните Рохини, како и дека операцијата што се води не е насочена против цивилното население.
Насилствата избувнаа на 25 август кога припадници на милитантните Рохини, нападнаа една полициска станица во провинцијата, убивајќи 12 полицајци.
Независни набљудувачи, сепак, посочуваат дека реакцијата на војската и на властите е прекумерна, исполнета со бруталност, со палење на цели села и на куќите на Рохините, со намера да протера цивилното население од територијата на која живеат, од провинцијата и од Мјанмар.
Рохините се припаднии на главно муслиманска етничка заедница која нема своја држава и кои се населени во провинција Рахине во Мјанмар, држава каде мнозинското од населението се будисти.
Властите во Јангун не ги признаваат како малцинство, туку само како илегални бегалци кои нелегално се населиле на крајниот северозапад од мјанмарската територија.
Милитантните Рохини вчера понудија прекин на непријателствата, но воените власти ја отфрлија понудата, тврдејќи дека нема да преговараат со терористи.
Ново на Сител
-

Има сериозни индиции дека најголем број од пожарите се подметнати
-

Лани двајца со западно-нилска треска, годинава досега 50 потврдени и 5 починати
-

Кога “договорците” во здравството ќе добијат решенија за работа?
-

Почна втората фаза на изгрaдбата на автопатот Скопје – Блаце
-

Реакции за изградбата на дата центри во Македонија
-

Министерот Сали позитивно гледа на изјавата на еврокомесарката Кос за проширувањето
-

Истражување: Деца од 12 до 17 години жртви на сексуална експлоатација преку интернет
-

А1 Mакедонија одбележува седум години со роденденска понуда за своите корисници
