-->
-->
Кривичниот суд и за време на летните одмори ќе работи на итни и на притворски предмети
-->
Кривичниот суд во Скопје и за време на судската ферија, од 15 јули до 15 август, ќе работи на итни и на притворски предмети, велат за МИА од Судот.
Оттаму посочуваат дека судиите и вработените во овој суд користат годишни одмори според претходно направен распоред. Во контекст на тоа додаваат дека судската ферија не значи оти во овој период Кривичен суд воопшто не работи.
- За време на годишните одмори во Судот секогаш има дежурен судија на претходна постапка и дежурен кривичен совет, а работат и останатите служби за издавање уверенија, посочуваат од Кривичен.
За итни предмети се сметаат случаите во кои се инволвирани странски државјани, како и предмети за кои обвинителствата можат да побараат неодложно спроведување на постапката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Седум пожари и 1.837 повици на 112 во последното деноноќие
-
СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата
-
Убиство во Тетово
-
Алтернатива ќе избира претседател на партијата
-
Четврто собрание на Алијансата на Албанците
-
Хамас го прифати предлогот за преговори за ослободување на израелските заложници
-
Евакуирани речиси 5800 луѓе поради пукање на брана во Кина
-
Бајден: Само Господ може да ме отстрани од претседателската трка