Кривични за навивачите учесници во тепачките на Стража
Покрај пукнати глави и скршени раце, навивачитена Будуќност од Црна Гора и Шкендија од Тетово кои вчера се тепаа во близина на планинскиот премин Стража добија и кривични пријави. Оние навивачи кои завршија во болница по пресметката полицијата им поднесе соодветни поднесоци па сега ќе треба да одговараат пред институциите.
Веќе се идентификувани и со кривична пријава за „учество во тепачка“, која ќе биде поднесена во текот на денов, ќе бидат опфатени 11 лица, односно навивачи од Црна Гора и 3 лица од нашата држава, навивачи на „Шкендија“ од Тетово.
Тројца од вкупно 14 повредени вчера, а уште еден денес се задржани на лекување. Останатите се идентификувани, по што ја поминаа ноќта во притвор.
Со соодветна пријава денеска ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.
Двете групи се сретнале на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на Сретковскиот мост. Црногорците патувале кон Скопје, со цел да ги бодрат ракометарки на Будуќност, додека навичите од Тетово оделе кон Кичево да ги гледаат фудбалерите на Шкендија.
-

Александар Самарџиев
Сите содржини од овој новинар
