Македонија
2. February 2016 - 16:55

Кривични пријави за уште двајца обвинители од тимот на Jанева

Нови кривични пријави за челнови од тимот на Катица Јанева. Двајца обвинители  од СЈО терале вработен од МВР лажено да сведочи, пишува поратолт денешен. Кривичната ја поднел вработениот во министерството за внатрешни, кој во пријавата навел дека обвинителите му се заканувале,  го малтеретирале и го исппрашувале без присуство на адвокат а сослушувањето не било ни синимено.  Според информации на порталот, лицето поминал низ вистиснки терор. Обвинителите од тимот на ЈАнева барале да посочи со кого соработувал,  притоа му вршеле силен притисок и го заплашувале.

 Обвинителите не штеделе на зборови

„Спаси ја сопствената кожа“, „Не штеди никого“, „Ќе бидеш казнет со поблага казна ако соработуваш“. Ова се дел од заканите кои му биле упатувани на вработениот  во МВР пренесува денешен.

Поради тортура, закани и понижување за време на незаконски и неетички обид да се согласи со изјава зад која не стои, вработениот во МВР поднесе кривична пријава согласно член 143 од Кривичниот законик на РМ, според кој на обвиниртелите им се заканува затворска казна од 1 до 5 години.

„Тој што во вршење на службата малтретира друг, го застрашува, го навредува или воопшто кон него постапува на начин со кој се понижува човековото достоинство и човековата личност, ќе се казни со затвор од една до пет години“.

Ова не е прв скандал, туку само еден во низата скандали во работењето на Специјалното јавно обвинителство. Пред неколку дена беше обелоденето дека вработен во МВР на сведок му нудел 100 000 евра за да сведочи во полза на СДСМ а парите би требало да му ги исплати висок функционер на партијата. Вработениот заработи кривична. Ваквите обиди за поткуп и влијаење врз сведоци, според извори од истрагата, се документирани и поткрепени со докази, а се очекува и надлежното Јавно обвинителство набрзо да го земе предметот во процедура, пишува порталот.