Кривични пријави за издавање и за употреба на лажни документи
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.М. (59) од Тетово, осомничен за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, и против И.М.(38) од липковското село Ваксинце, осомничен за кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.
Првопријавениот, вработен во ОССУ „Гоце Стојчевски“-Тетово, како училишен социлог во својство на одговорен наставник за вонредни ученици во училиштето, во повеќе наврати своерачно внел и запишал лажни податоци и невистинита содржина во педагошки евиденции за И.М, за текстилна струка, насока - предач, кои се воделе во ОССУ „Гоце Стојчевски“ од Тетово.
Како што соопштува МВР, иако знаел дека свидетелствата и дипломата за положен завршен испит кои му биле издадени во 2002 година се лажни и со невистинита содржина, И.М. ги употребил како вистински и како доказ кај нотар од Куманово при нивна заверка. Потоа тие документи ги употребил за засновање работен однос на неопределено време по оглас од работодавецот МВР на РМ како Приправник полицаец во СВР Куманово, сметано од 5 мај 2003 година.
Документите ги употребил и во текот на сите понатамошни распоредувања во полициски станици, за што од МВР од 5 мај 2003 година до септември 2017 година, по основ на право на плата, додатоци на плата по разни основи и придонеси му се исплатени 173 месечни бруто плати во износ кој точно не е утврден и за кој го оштетил Буџетот на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Состојба на патиштата
-
Сончево со јужен ветер
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома