Кривични пријави за две Бугарки за џебни кражби во Скопје
СВР Скопје, до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против С.Ш.Г. (25) и Р.С.Д. (23) , бугарски државјанки, поради основано сомнение дека извршиле три кривични дела „џебна кражба“ при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 12.000 денари. Од страна на судија на претходна постапка им е одредена мерка една година затвор, условно за 3 години, а лицата се протерани и им е забранет влез во земјава во времетраење од 10 години.
Како што информира МВР, првото кривично дело го извршиле на 15-ти овој месец околу 14 часот, во автобус број 7 на ЈСП Скопје кој се движел на релација од населбата Аеродром кон „Рекорд“. Тие ја искористиле гужвата во автобусот и невниманието на оштетената, се доближиле до неа и додека едната се туркала во оштетената со цел да и го одвлече вниманието другата со протнување на рака од ташната и го украла паричникот со лични документи, картици и околу 1.300 денари.
- Второто и третото кривично дело го извршиле на 18-ти овој месец околу 14 часот во автобус број 5 на ЈСП Скопје, кој се движел на релација од населбата Аеродром кон „Рекорд“, на тој начин што искористувајќи ја гужвата во автобусот и невниманието на оштетените, се доближиле до нив и додека Р.С.Д. се туркала во оштетените со цел да им го одвлече вниманието, С.Ш.Г. со протнување на рака во ташните им ги украла паричниците во кои имале лични документи, траксациски картици, семејни фотографии, пари и други лични предмети, се вели во соопштението од МВР.
При извршувањето на второто кривично дело, се додава, бугарските државјанки биле забележани од страна на полициски службеници и откако на автобуска постојка на булеварот „Кочо Рацин“ се симнале од автобусот се приведени во полициската станица Центар.
Украдените паричници со потврда им биле одземени и вратени на оштетените. Во полициската станица Центар бил извршен разговор со пријавените при кој не сакале да го појаснат начинот на извршување на кривичните дела.
Ново на Сител
-
По 50 години почна реконструкцијата на салата „Работнички“
-
Преглед на вестите од светот
-
Годишно обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред пратениците
-
Филипче со критики за шест месеци Влада - Повика на државно обединување
-
Мицкоски најавува нови мерки за справување со високите цени
-
Мицкоски: Криминалите во Државна лотарија се многу поголеми од 8 милиони евра
-
Села обвинува за непочитување на волјата на граѓаните на последните избори
-
Целосно се исплатени субвенциите за земјоделците