Македонија
16. November 2018 - 10:57

Кривична за жител на Албанија кој ограбил обложувалница во Тетово

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.У.(47) од село Суме, Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  “тешка кражба”.

-На  12/13.08.2018 година во спортска обложувалница на улица „Илинденска“ во Тетово пријавениот со употреба на погоден предмет и физичка сила влегол и одзел околу 366.000 денари, информираат од полицијата.