-->
-->
Кривична за стружанец за кражба во дисконт
-->

Кривична пријава за кражба во дисконт заработи 34 годишен стружанец кој од задната врата на дуќанот изнел алкохол, енергетски пијалоци, а одзел и пари со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 5.000 евра.
Како што соопшти СВР Охрид, Н.М. казненото дело го сторило на 31 мај оваа година во дисконт лоциран на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга.
- Со клешти ја исекол железната решетка на задната врата од дисконтот. Потоа насилно ја отворил вратата, влегол во дисконтот и од касата одзел пари и 30 алкохолни и енергетски пијалоци, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Жените од руралните средини со мала вклученост во општествениот и социјалниот развој, нивниот глас не се слуша
-

Дел од македонските земјоделци се уште работат со механизација стара неколку децении
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бојан Маричиќ, претседател на ДИК
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
