Македонија
27. March 2021 - 18:12

Кривична за скопјанец кој препродавал дијазепам и метадон на нарко зависници

На 25.03.2021 од страна на Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со СВР Скопје до Основно јавно обвинителство Скопје поднесена е кривична пријава против С.Р.(47) од Скопје, за сторено кривично дело по чл. 215 од Кривичниот законик. 

Имено, по преземени истражни дејствија - претреси на дом и други простории на подрачје на Гази Баба во Скопје, при извршен  претрес на дом и други простории каде што С.Р. живее, пронајдени се и одземени поголема количина на ампули дијазепам и 97 шишиња со метадон во амбалажа од по 10мл., поради сомнение дека илегално ги набавил и ги препродавал на нарко зависници. 

Од страна на Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје на С.Р. му е одредена мерка притвор.