Кривична за скопјанец кој го тепал својот син и сакал да го исфрли од нивниот дом
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка против 37-годишник од Скопје за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „насилство врз дете“ од член 201-а од Кривичниот законик. На 5 април, како што информираат од ОЈО, осомничениот извршил физичко и психичко насилство спрема неговиот син роден 2010 година.
Кон детето, посочуваат, се однесувал агресивно и се обидел да го избрка од домот, по што во еден момент го фатил за дуксерот во делот на вратот, го повлекол и почнал да го исфрла кон ходникот. Потоа со рака го удрил во задниот дел од главата, со што му нанел повреда од која оштетеното дете почувствувало затемнување пред очите, вртоглавица и болка, а осомничениот продолжил насилно да го турка синот кон излезната врата од домот.
-Со оглед на тоа што осомничениот е претходно осудуван, а против него се води уште една постапка за телесна повреда нанесена при семејно насилство, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од повторување на делото, како и околности кои укажуваат на опасност од бегство. Од тие причини, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор, соопшти ОЈО Скопје.
Ново на Сител
-
По пошта од Канада во Грција им стигнале 62 килограми канабис – уапсени две лица
-
Починa aмериканскиот глумец Едвард Фолкнер
-
„Покемон“ новитети: „Поке-бол“
-
Принцот Вилијам и принцезата Кејт ги предводеа кралските почести за тригодишнината од смртта на кралицата
-
Истражување: Загадениот воздух предизвикувач на тешки облици на деменција
-
Албански археолози открија гроб на римски големец близу македонската граница
-
Мартинез: Роналдо дава сѐ од себе, но нема долгорочни цели
-
Евробаскет 2025: Грција противник на Турција во полуфиналето