Кривична за полицаец лихвар од Свети Николе
ОВР Свети Николе поднесе кривична пријава против О.Ц.(50) од Свети Николе, вработен во МВР, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“, казниво по член 260 од Кривичниот законик.
Како што се наведува во соопштението од МВР, пријавениот, во периодот од 2020 до 30.07.2021, неовластено се занимавал со давање пари на заем, како и на потрошни предмети на одложено плаќање, искористувајќи ја социо-економската положба на оштетените, при што се стекнал со имотна корист од 539.800 денари. При претреси во три објекти, сопственост на О.Ц., извршени со судска наредба биле пронајдени и одземени патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на лице од Куманово, патничко возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на друго лице од Куманово, сообраќајни дозволи за двете возила, лична карта од едно лице, список со испишани имиња и парични средства, се посочува во соопштението.
Ново на Сител
-

СДСМ: Цената на бенизите расте, нов удар врз стандардот на граѓаните
-

Мицкоски: Македонија има најниски цени на горивата, состојбата се следи и ќе се носат мерки
-

Ставен во функција електронски регистар „Е-наука“
-

Со нов закон ќе се уредуваат плажите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
