Македонија
20. July 2016 - 14:08

Кривична за малолетник поради обид за убиство

СВР Тетово поднесе кривична пријава против седумнаесетгодишник од с.Чифлик поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.

На 30.05.2016 година во с.Чифлик пред кафетерија, по настаната расправија помеѓу пријавениот и С.И. (26), пријавениот со остар предмет му нанел убодна рана во градниот кош.