Кривична за лице од скопско за криумчарење мигранти, пронајдени 10 лица мигранти од Египет

На 10.03.2026 околу 06:00 часот во близина на клучка Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ и од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Неготино го лишија од слобода Р.М.(24) од с.Студеничани, скопско.
Претходно, по добиени сознанија дека превезува мигранти на патот Гевгелија -Демир Капија, полициски службеници Полициската станица за граничен надзор Михајлово дале знак за запирање, но тој не застанал и по преземени мерки возилото е присилно запрено. Подоцна, по пребарување на теренот, пронајдени се 10 лица мигранти од Египет.
Mигрантите се сместени во Прифатно - транзитен центар Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка. Додека, против возачот Р.М. е поднесена кривична пријава за „криумчарење мигранти“ и од судија на претходна постапка изречена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

Туск: Орбан е решен да продолжи да ја блокира помошта за Украина
-

Захарова: Нападот врз иранското пристаниште Бандар-е Анзали ги погоди економските интереси на Русија
-

16-годишник со пиштол се заканувал на свој врсник по расправија за девојка
-

Четири мотоцикли изгореле во пожар во Прилеп
-

Велосипедист повреден во сообраќајна незгода на излез од бензиска
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
