Кривична за лице од Конче осомничен за кражба на сириски државјанин во Гевеглија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи-Гевгелија до Основното јавно обвинителество-Гевегелија поднесе кривична пријава против С.К.(44) од Конче осомничен дека сторил кривично дело „тешка кражба“.
МВР денеска соопшти дека пријавениот на ден 04.07.2015 година во периодот од 13 до 14 часот искористувајќи го отсуството на сириски државјанин, пред поголем број очевидци на јавно место одзел два црни ранци, сопственост на оштетениот и неговиот другар кои биле оставени кај локомотивата наспроти железничката станица. По извршување на делото, се појаснува во соопштението, пријавениот ги однел во неговиот дом во Гевгелија.
- Имено, сирискиот државјанин кога стигнал во полициската станица на железничка станица во Гевгелија во 13 часот чекал на ред за добивање потврда со намера за барање азил во полицијата, ги оставил двата ранци кај семејство од Сирија кои биле сместени во паркот наспроти железничката станица, со цел да им ги причуваат. Откако после еден час се вратиле по ранците, дознале дека семејството од Сирија нивните ранци им ги оставиле во паркот и заминале. Потоа сретнале неколку очевидци и дознале опис на осомничениот, го пријавиле настанот, па заедно со претставници од УНХЦР се упатиле кон неговиот дом, стои во соопштението од МВР.
По превземање на мерки и дејства пријавениот е лишен од слобода и ранците и паричните средства кои биле во нив се пронајдени и вратени на оштетените.
Ново на Сител
-

Приведен 40 годишник од Пробиштип кој со закани изнудил пари од 18-годишна девојка
-

СЗО предупреди дека случаите на рак на глобално ниво би можеле речиси да се удвојат до 2050 година
-

Кос, Јаневска и Сали во увид на реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“
-

Три случаи на семејно насилство во Штип, Свети Николе и Македонска Каменица
-

Сиљановска Давкова: Кредибилен партнер сме на НАТО, да се надмине лавиринтот на патот кон ЕУ
-

Вимблдон: Ѓоковиќ казнет поради недолично однесување
-

78-годишна жена пронајдена мртва во својот дом во Кисела Вода
-

Пронајден машки труп во река Пчиња кај Катлановска Бања
