Кривична за кумановец за убиство на полицаец

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.Б.(33) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.
Пријавениот на 30.07.2016 година во Куманово со кујнски нож му нанел убодна рана во пределот на грбот на полицискиот службеник Г.С. од која по кратко време починал.
Полицискиот службеник, заедно со уште тројца колеги, постапувал по пријава за семејно насилство во куќата на пријавениот на ул.„Средорек“ во Куманово. Семејното насилство го пријавиле Р.Б. и Е.Б., мајка и сестра на пријавениот, кои биле физички нападнати и повредени.
Околу 22 часот полициските службеници со возило на брза помош влегле во дворот и во куќата на Е.Б. при што тој викал на силен тон и фрлал со стаклени предмети кон полициските службениците.
При совладувањето Е.Б. пружал силен отпор, а во еден момент се отргнал и земал кујнски нож, со кој замавнал кон полициските службеници, при што му нанел убодна рана на полицискиот службеник Г.С.
Ново на Сител
-

Најверојатно повторно ќе се намалуваат акцизите на горивата
-

Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-

МВР го уапси Александар Лазаров од Кочани, кој преку прозорец избега од полициска станица
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
-

Обвинение за поранешниот директор на СОЗР – приватно летал со владиниот авион и трошел државни пари
-

Полицајците не помагаа после пожарот во „Пулс“, тврдат сведоци
-

Мицкоски: Правдата е задоволена со враќањето на “Белата палата”
