Кривична за градоначалникот на Росоман - фалсификувал исправи, купувал алкохол, млечни и сувомеснати производи за домашна потрошувачка
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднела кривична пријава против С.Н. во својство на градоначалник на Општина Росоман.
Како што денеска соопштија од Финансиската полиција, пријавениот С.Н .во својство на градоначалник на Општина Росоман, во текот на 2022 и 2023 година постапил спротивно на Закон за градење чл. 58 став 2 (Службен весник на РМ бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 138/13, 163/13, 27/14. 28/14, 42/14, 154/14, 194/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 30/16, 31/16, 39/16, 71/16, 132/16 и 35/18), а во врска со член 205 став 1 и чл. 209 од Закон за општа управна постапка (Службен весник на РМ бр. 38/05, 110/08, 124/15 и 65/18) на начин што изготвил 6 лажни јавни исправи, од кои 4 одобренија за градење и 2 одобренија за реконструкција на улици.
- Истите во текот на 2022 и 2023 година ги употребил како вистински во правниот промет, а при тоа иако бил должен не ги водел во јавната евиденција, односно, во информацискиот систем „е-Одобрение за градење“, на кој начин за период од 2022 до 2024 година искористени се парични средства во износ од 14.023.318 денари обезбедени од страна на Центар за развој на Вардарски плански регион - Биро за регионален развој, парични средства во износ од 6.740.517 денари обезбедени од страна на општина Росоман и парични средства во износ од 15.134.066 денари обезбедени од страна на Министерство за транспорт, на кој начин спротивно на законските прописи за период од 2022 до 2024 година со изготвување на 6 лажни јавни исправи, одобренија за градење и реконструкции на штета на буџетот на општина Росоман, Центар за развој на Вардарски плански регион - Биро за регионален развој и Министерство за транспорт противзаконски искористени се парични средства во вкупен износ од 35.897.901 денари со што пријавениот го сторил кривичното дело фалсификување исправа чл. 378 став 1 и 3, а во врска со член 45 од КЗ на РСМ, се појаснува во соопштението.
Се додава дека пријавениот свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист во својство на градоначалник на Општина Росоман од 08.11.2021 година, ги надминал предвидените износи во Буџетот на општина за трошоци за репрезентација донесени од страна на Совет на општина Росоман во текот на 2021 година за износ од 184.744 денари, за 2022 година за износ од 800.348 денари, за 2023 година за износ од 821.821 денари и за 2024 година за износ од 310.662 денари, ги надминал и ненаменски искористил дел од предвидените износи во Буџетот на општина за трошоци за горива и масла (моторни возила) донесени од страна на Совет на општина Росоман во текот на 2022 година за износ од 159.351 денари, за 2023 година за износ од 44.102 денари потпишувајќи и овозможувајќи од сметката на општина Росоман да се исплатат парични средства за нафтени деривати за возила кои не се во сопственост на општината.
Тој ги надминал и ненаменски искористил дел од предвидените износи во Буџетот на општина за трошоци за прехранбени производи и пијалаци донесени од страна на Совет на општина Росоман во текот на 2021 година за износ од 40.188 денари, за 2022 година за износ од 135.440 денари и за 2023 година за износ од 66.920 денари набавувајќи производи кои не се за потребите на општината, односно, купени биле повеќе видови на млечни и сувомеснати производи, поголеми количини на алкохолни пијалаци, и друг вид на производи кои по својата природа се наменети за домашна потрошувачка кошничка.
- Неосновано склучил договори за вршење на определени работи од областа на управување со градежно земјиште во сопственост на РСМ со лица вработени во Општина Кавадарци за 2023 година на износ од 242.000 денари, на кој начин пријавениот злоупотребувајќи ја службената положба и овластување пријавениот причинил штета на буџетот на општина Росоман за 2021 година износ од 226.811 денари, за 2022 година износ од 1.081.059 денари, за 2023 година износ од 1.183.597 денари и за 2024 година износ од 384.862 денари, односно, за период од месец ноември 2021 година до месец септември 2024 година пријавениот причинил штета на буџетот на општина Росоман вкупен износ од 2.876.329 денари, со што пријавениот го сторил кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 и став 4 од КЗ на РСМ, се наведува во соопштението од Управата за финансиска полиција.
Ново на Сител
-
Го охрабрувам Обвинителството да работи на откривање нови одговорни лица за пожарот во Кочани, порача Мицкоски
-
УНИЦЕФ повикува на поголема вклученост на татковците во активности на учење преку игра
-
При претрес во Штип пронајдена дрога
-
Туфегџиќ: Обвинителството потврди дека нема доказ за инволвираност на таткото на Вања
-
Мицкоски: Исправена е неправдата, доделени национални признанија за врвни достигнувања во спортот
-
Маск: Жалам што некои објави за Трамп отидоа предалеку
-
Министерство за економија: Во првите два дена 1400 пријави до Агенцијата за вработување за мерката самовработување
-
Домовите „Кузман“ и „Стив Наумов“ се очекува да бидат реновирани до крајот на годинава