Кривична за фирма од Струмица и управителот за даночно затајување при приредување игри на среќа
СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и Д.Ј.(37) од Кавадарци, управител на правното лице, поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик, соопшти МВР.
Пријавените, во периодот од 01.12.2023 до 31.12.2023, имале обврска како даночни обврзници да извршат уплата на данок од личен доход на добивка од игри на среќа во износ од 626.457 денари, а во периодот од 01.01.2024 до 30.04.2024 имале обврска да извршат уплата данок на лични доходи по други основи во износ од 351.845 денари , но не ги уплатиле.
Исто така, пријавените, за остварениот приход од приредување на игри на среќа во автомат клуб за периодот од 01.01.2024 до 30.04.2024 оствариле приход како разлика меѓу уплатите и исплатите за износ од 6.270.304 денари, на која пресметале а не уплатиле 20% посебна давачка во износ од 1.254.061 денари.
Со ваквите дејствија, пријавените го оштетиле Буџетот на РСМ за вкупен износ од 2.232.363 денари.
Ново на Сител
-
Македонија не е мизерна и нема да пропадне ако не влезе во ЕУ, кажа хрватскиот претседател Милановиќ
-
Тема на денот со Татјана Стојаноска Иванова, професорка на Институтот за социологија
-
Милановиќ: Повеќе нема да жалам некого затоа што не може да влезе во ЕУ
-
Пет активни пожари во Македонија
-
Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за пожарите
-
4 куќи гореа во пожарот во Злокуќани, повредено малолетно дете и двајца пожарникари
-
Како се менуваше насилниот криминал во Македонија изминативе 15 години?
-
Седум повредени од трагедијата во Кочани се уште на болничко лекување во земјата и странство