Кривична за две лица од Кичево за промет со наркотични дроги

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.Л. (31) од кичевското село Србица и Л.Ф.(23) од селото Мамудовци.
На 15 минатиот месец, по извршен претрес во домот на А.Л. во селот Србица, пронајдена е и одземена опојна дрога марихуана од 92,55 грама. Од страна на судија во претходна постапка од Основниот суд во Гостивар, него одредена му е мерка притвор во траење до 30 дена и спроведен во Казнено поправната установа во Тетово.
-Во текот на минатиот месец, при извршен претрес во домот на Л.Ф. во кичевското село Мамудовци, полициските службеници пронашле и одзеле опојна дрога кокаин со нето маса од 8,01 грама набавен за 250 евра, дробилка марка „Раста“, 31.500 денари и 50 евра во разни апоени како и други предмети. На сега пријавената, определена и е мерка „куќен притвор“ во траење од 30 дена, извести Стефан Димоски од СВР -Охрид.
Ново на Сител
-

СЗО предупредува: Алкохолот во Европа е премногу евтин и достапен
-

Лажни реклами за онлајн казина кружат на социјалните мрежи, алармира АПИС
-

Истражување: Повеќе од 388 милиони христијани доживеале прогон поради својата вера во 2025 година
-

Франција ќе отвори конзулат на Гренланд
-

Битолчанец возел со 1,81 промили алкохол во крвта и направил сообраќајка
-

Шолц: Путин однапред ја испланира војната против Украина
-

Трамп му се закани на премиерот на Гренланд, Нилсен
-

Најстудено во скопско Петровец, најмногу снег на Попова Шапка
