Кривична за директор на основно училиште во Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Г.В.(48) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 3 и став 1, а во врска со член 45 од Кривичниот законик. Пријавениот Г.В., како директор на општинско основно училиште во Делчево, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, во периодот од 01.09.2021 до 19.10.2021 постапил спротивно на член 77 и член 49 од Законот за јавни набавки, соопшти МВР.
Имено, без донесена одлука и без спроведена поедноставена отворена постапка, во која секој заинтересиран економски оператор може да поднесе понуда врз основа на оглас за јавна набавка, без да склучи договор за јавна набавка за превоз на ученици во периодот, повикувајќи се на претходен договор со истечен рок на важност, Г.В. усно договорил превоз на ученици од училиштето со правно лице од Делчево и на тој начин овозможил правното лице да се стекне со противправна имотна корист во вкупен износ од 193.000 денари.
Исто така, пријавениот за сите релации платил на правното лице и покрај тоа што знаел дека за дел од релациите превозот го вршел подизведувачот, кој поднел тужба и со пресуда на Апелационен суд Штип од училиштето му биле исплатени 200.074 денари.
Ново на Сител
-
Трамп: Војната во Газа ќе заврши за неколку недели
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка